Минатиот месец на квалификацискиот натпревар за СП 2018 помеѓу Ирска и Велс, по
еден брутален старт на Нил Тејлор, Шејмус Колман заработи двојна фрактура на
ногата и фудбалерот на Евертон сега го чека долга пауза.
Дефанзивецот на
Велс доби црвен картон за опасниот старт, а ФИФА денеска ја соопшти казната.
Нил Тејлор доби
само два натппревари суспензија и ќе ги пропушти напреварите со Србија и
Австрија.
На социјалните
мрежи фудбалските фанови веднаш изразија разочарување од ваквата пресуда на
светската куќа на фудбалот.
Многумина
веруваат дека казната е преблага и не можат да ја разберат логиката ако во
предвид се земе дека Нејмар неодамна доби три натпревари суспензија поради тоа
што саркастично му аплаудираше на судијата, а Нил Тејлор му ја скрши ногата на
Шејмус Колман.