Масимо Алегри сигурно ќе добие отказ од Јувентус, прашањето е само дали тоа ќе се случи денеска или по крајот на сезоната.
Причината за ваквото размислување е однесувањето на Алегри за време на финалето од Купот на Италија. Тој имаше шоу за време на мечот, но и кога се доделуваа медалите, не сакаше да се поздрави со генералниот директор на Јувентус.
Наводно, од тие причини раководството на Јувентус размислува да му даде отказ на Алегри веднаш.
Нејасно е дали тоа навистина ќе се случи или ќе биде избркан откако ќе завршат последните две кола од сезонара во Серија А. Сигурно е само дека тој нема да биде тренер следната сезона.
Тијаго Мота има понуда од Јуве, тој треба да одлучи дали ќе ја прифати или ќе остане во Болоња.