360
Баерн Минхен се чини дека ќе ја исполни желбата на фудбалерите и ќе го остави Томас Тухел да биде тренер на тимот и покрај тоа што не освои ниту еден трофеј.
Баварците бараа нов тренер, но откаколку неколкумина ги одбија, почнаа да размислуваат за продолжување на соработката со Тухел и покрај тоа што претходно му соопштија дека во јуни ќе се разделат.
Капитените Мануел Нојер и Томас Милер му соопштија на раководството на клубот дека фудбалерите сакаат Тухел да остане и тоа вроди со плод.
Денеска во просториите на Баерн пристигна и агентот на Томас Тухел, Олаф Меинкинг, двете страни ќе имаат состанок на кој главна тема ќе биде продолжување на соработката.