22 годишниот
Езекиел Балбо е во кома и се бори за животот откако викендов беше фрлен од
трибина на дуелот помеѓу Белграно и Таљерес.
Во прв момент се
говореше дека инцидентот се случил бидејќи тој се нашол на погрешна трибина, и бил
помешан со навивач на локалниот ривал Таљерес.
Но неговиот татко
откри сосема друга страна на приказната, и обвини дека Езекиел Балбо бил
нападнат од лице кое во 2012 го убил неговиот втор син!
Зборувајќи за
локална радио станица, Раул Балбо рече: „Тој веќе уби еден мој син и сега сака
да ми го земе и другиот”.
„Мојот син не
беше на погрешен дел од трибината ниту пак има тетоважи на Таљерес”.
„Проблем е тоа
што Езекиел на трибината налета на луѓето кои пред пет години го убија неговиот
брат”.