Министерството за внатрешни работи инфирмираше (МВР) информираше дека е уапсен навивач на натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија кој со предмет фрлил кон гостинската клупа.
„На 04.05.2024 во 19.15 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле О.Ј.(27) од Скопје, поради тоа што околу 18.15 часот на стадионот Чаир за време на одржување на фудбалски натпревар помеѓу ФК Шкупи и ФК Шкендија, од трибина фрлил со предмет кон клупата на гостинска екипа на ФК Шкендија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари“, соопшти МВР.
Шкендија со 2-0 го доби дербито против Шкупи на Чаир.