514
Лопетеги кој беше фаворит за нов тренер на Милан, ќе се врати во Премиерлигата, тој е блиску до договор со Вест Хем.
Милан сакаше да го ангажира поранешниот селектор на Шпанија, но навивачите не го сакаа во нивниот клуб, па зделката не се случи.
Лопетеги кој претходно работеше во Вулверхемптон, сега веројатно ќе го води Вест Хем.
Според „Гардијан“ двете страни се блиску до договор, Шпанецот би требало да биде наследникот на Дејвид Мојс.