Борусија Дортмунд дојде до минимална победа во дуелот со Пари Сен Жермен (1-0) во првиот дуел од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Херој на „милионерите“ беше Никлас Филкруг кој го постигна единствениот погодок на натпреварот.
По победата, своето задоволство пред јавноста не го криеше тренерот на германскиот тим, Един Терзиќ.
„Мислам дека заслужено го победивме ПСЖ. Одигравме навистина добро. Од моја перспектива, ова е сосема задоволителен резултат. Трчавме многу повеќе од противникот, а мислам дека тоа е неопходно во вакви натпревари. Местото во финалето на „Вембли“ мора да се заслужи. Имаме мала предност пред реваншот и добра шанса“, смета Терзиќ.
Возвратниот натпревар меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд во „градот на светлината“ се игра во вторник во 21:00 часот.