На терените ширум Македонија се одиграа натпреварите од 27. коло на ВМФЛ. Водечките екипи одиграа според планот, па Беса беше сигурна против Охрид (4-0), а убедлив беше и Пелистер на мечот со Тетекс (3-0).
Изненадувачки заврши натпреварот на „Градскиот стадион“ во Радовиш, каде што Детонит Плачковица ремизира без голови со Каменица Саса (0-0). Со тоа тимот од Македонска Каменица профитира за бод во битката за опстанок.
- Резултати во 27. коло на ВМФЛ:
Беса 1976 – Охрид 4-0
Пелистер – Тетекс 3-0
Детонит Плачковица – Каменица Саса 0-0
Арсими – Башкими 2-0
Скопје – Победа 1-1
Вардар Неготино – Осогово 3-0
Караорман – Беласица 0-4
Кожуф – Новаци 2-1
Лидер на табелата е Беса (тим кој веќе е прволигаш) со 70 бода, следи Пелистер со 64, а 56 има Детонит. Најблизу до водечките е Арсими со 47 бода. Што се однесува до битката за опстанок Тетекс има 24 на првата безбедна позиција, следи Осогово со еден помалку, а претпоследна е Саса со 21. Караорман е на дното со само 15 бода.