Арне Слот побарал од Ливерпул да го донесе Лучарел Гертраида од Феенорд како негово прво засилување, стратегот има високо мислење за 23 годишниот фудбалер, кој може да покрие неколку позиции.
Арне Слот е изборот на Ливерпул за наследник на Јирген Клоп, и Холанѓанецот веќе крои планови за новата сезона.
Се шпекулира дека стратегот го идентификувал првото засилување и побарал од „црвените“ да го донесат Лучарел Гертраида од Феенорд.
23 годишниот фудбалер може да покрие неколку позиции, одлично се снаоѓа и како десен бек, централен дефанзивец и дефанзивец во средниот ред.
Неговата цена е околу 30 милиони евра, но таа може дополнително да се намали бидејќи Лучарел Гертраида e под договор до јуни 2025, и летово ќе биде последна шанса за Феенорд добро да заработи од негова продажба.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.