Направи изненадувачки трансферот во Реал Мадрид и доби речиси 10 пати поголема плата

by bojan
1 минути читање

„Кралевите“ го ангажираат Карлос Еспи од Леванте, младиот напаѓач со преселбата на „Бернабеу“ си обезбеди речиси 10 пати поголема плата.

Реал Мадрид изненади со последниот трансфер, го ангажираше Карлос Еспи од Леванте во зделка вредна околу 25 милиони евра, младиот напаѓач беше купен откако падна договор со Фулам за продажба на Гонзало Гарсија.

Тој веднаш ќе му се стави на располагање на Жозе Мурињо и би можел да дебитира во белиот дрес вее утре, на пријателскиот натпревар против Фиорентина.

Трансферот во Реал Мадрид не само што му носи голем напредок во кариерата на Карлос Еспи, туку и значителен финансиски исчекор.

Тој во Леванте имаше годишна плата од 420.000 евра, а на „Бернабеу“ ќе заработува околу 3,6 милиони евра годишно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×