Барса објави ново засилување!

by riste
1 минути читање

Барселона вечерва го потврди ангажманот на Џеси Бисиву од Клуб Бриж, станува збор за млад белгиски фудбалер

Бисиву е 18-годишен играч кој настапува по крилната позиција.

„Барселона и Клуб Бриж постигнаа согласност за трансфер на Џеси Бисиву кој потпиша со нас до 30 јуни 2031 година“, стои во соопштението на Барселона.

Медиумите пишуваат дека Барселона за овој трансфер платила 8,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×