Минатото лето, Никола Секулов беше испратен на позајмица во Кремонезе, но на почетокот од јануари, фудбалерот од средниот се врати во Торино.
На 30. март, тој доби шанса за деби во првиот тим на Јувентус и одигра неколку минути во поразот во Рим од Лацио.
Очигледно „старта дама“ има верба во Никола Секулов, па попладнево пристигна информација дека тој е награден со нов договор и се обврзал на соработка до јуни 2027.
22-годишникот е роден во Пјаченца, играше во младинските категории за Македонија, но потоа реши да настапува за неговата родна земја, Италија. Се уште не добил повик за селекцијата на „аѕурите“, но настапува за младинските категории на италијанскиот национален тим.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.