„Црвено-жолтите“
уште еднаш не успеаја да ја победат Молдавија, и синоќешната пресметка заврши
нерешено. Избраниците на Милевски поведоа со 1-0 со голот на Миовски во
последните мигови од првиот дел, имаа и шанси за дуплирање на предноста, но
откако не го сторија тоа, противникот во финишот со атрактивен погодок се
избори за 1-1.
„Одигравме добар
натпревар, имавме контрола, доминиравме во поголемиот дел, но за жал во финишот
ни се случи едно невнимание, примивме гол и останавме без победа“ – вели Милан
Ристовски.
„Против Црна Гора
не чека тежок натпревар, се среќаваме со квалитетна репрезентација и за да
бидеме конкурентни, ќе треба да одиграме на едно повисоко ниво. Секогаш сум
самокритичен, сметам дека може да се даде повеќе на терен. Така требаше да биде
и против Молдавија, да постигневме уште некој гол и да стигневме до
посакуваната победа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.