Шкупи го победи Работнички, Вардар непоразен се враќа од Гостивар

by
1 минути читање

Најинтересно денеска беше во Чаир каде Гоце Седлоски првпат водеше противнички тим против Шкупи со кој ја освои шампионската титула.

Шкупи имаше одличен старт на мечот, водеше со 2-0 со голови на Рватубиаие и Гронер. Работнички дојде до изедначување со погодоци на Адем и Гандо. А чаирчани во финишот со нов гол на Рватубиаие дојде до победата од 3-2.

Вардар одигра без голови против Гостивар, а 0-0 беше и на дуелот меѓу Шкендија и Воска.

Силекс со 1-0 славеше над Македонија Ѓорче Петров, Струга со 3-1 беше подобра од Брера, Тиквеш со 2-1 ја победи Брегалница.

Резултати: 

Гостивар – Вардар 0-0

Шкендија – Воска 0-0

Шкупи – Работнички 3-2

Силекс – Македонија 1-0

Струга – Брера 3-1

Тиквеш – Брегалница 2-1

Табела: Струга 48, Шкупи 47, Шкендија 44, Тиквеш 32, Силекс 32, Гостивар 31, Брера 27, Работнички 27, Воска 26, Вардар 25, Брегалница 21, Македонија ЃП 18.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×