Тренерот на Абердин: Ќе заработиме многу пари од продажбата на Миовски – ќе постигне 30 гола оваа сезона!

by
1 минути читање

Бојан Миовски
игра во страшна голгетерска форма и во само неколку дена ја тресеше мрежата на
двата шкотски гиганти, прво погоди против Селтик во саботата, а вечерва и
против Ренџерс.

Македонецот до
овој момент има 20 погодоци зад своето име, но новиот тренер на Абердин, Нил
Ворнок смета дека напаѓачот лесно ќе стигне и до 30 погодоци.

„Мило ми е што никој
не го купи во зимскиот преоден рок“
– вели Ворнок во разговор со Скај Спортс.

„Абердин ќе
заработи многу пари од продажбата на Миовски – ќе постигне 30 гола оваа
сезона“.

„Му го кажав ова,
му кажав дека лесно ќе постигне уште 10 погодоци бидејќи ќе креираме гол прилики за
него. Со тек на време подобро ќе се познаваме, момците ќе знаат во кој правец се движиме и
тој ќе има повеќе шанси“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×