„Миовски е ѕвезда, извонреден напаѓач, па не ми е јасно зошто Селтик не го купи“

by
1 минути читање

Селтик сакаше да
донесе нов голгетер во јануари, Бојан Миовски беше дел од листата со желби, но
гигантот од Глазгов не направи ништо на овој план.

По синоќешниот
натпревар помеѓу Абердин и Селтик, на кој Македонецот мајсторски погоди за
водство на домаќините, поранешниот шкотски фудбалер и тренер, Вилијам Милер
изрази зачуденост од одлуката на „зелено-белите“ да не го купат Бојан Миовски.

„Зошто Селтик не
го купи Миовски?“
– праша Вилијам Милер, кој мечот го работеше како стручен
коментатор.

„Тој е правиот
човек за позицијата. Ѕвезда, извонреден напаѓач. Селтик има пари, па се чудам
зошто не го ангажираа, навистина не ми е јасно“.

Вилијам Милер
потоа додаде: „Навистина импресивен гол на Миовски. Тргна речиси од половина
терен, најде простор, се намести на левата нога и прецизно биеше во долниот
агол“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×