Миовски ја затресе и мрежата на Данди, но може да остане без тренер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бојан Миовски
продолжи да игра во врвна форма, напаѓачот стрелаше и вечерва против Данди.

Македонецот во
31. минута реализираше од пенал, гостинскиот голман го прочита и се фрли на
правата страна, но ударот беше толку прецизен и заврши во малата мрежа.

Сепак, 11. погодок
на Миовски во првенството на Шкотска (18. во сите натпреварувања), не беше
доволен за Абердин да ги освои трите бода.

Данди во вториот
дел се избори за 1-1, па од трибините се слушаа свирежи по крајот на
натпреварот.

Сериозно се тресе
тренерското столче на Бери Робсон, Бојан Миовски може да остане без тренер и
да добие нов кормилар.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×