„Не го пцуев судијата, зборував во воздух” – смешно објаснување на Меси за инцидентот

by
1 минути читање

Светската куќа на
фудбалот немаше милост за Лео Меси и му изрече максимална суспензија од четири
натпревари за навреди упатени на адреса на судијата.

Аргентина веднаш
достави жалба, а локалните медуми сега објавуваат што кажал играчот во своја
одбрана.

„Моите коментари
не беа наменети кон помошникот, зборував во воздух
– се правдал Лео Меси, според
весникот Ла Насион.

Фудбалската
Федерација на Аргентина потврди дека заедно со жалбата била испратена и порака
од Лео Меси, но не открија повеќе детали.

Доколку
пишувањата на Ла Насион се точни, ова е прилично смешен изговор и тешко е за
верување дека ФИФА ќе ја промени одлуката на основа на изјавата од Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани