Три шпански клуба се во трка по Столе Димитриевски

by
1 минути читање

Според „Марка“, Валенсија се приклучува во трката по Димитриевски, а претходно за него интерес имаше од Севиља и Бетис.

Се очекува Мармардашвили да го напушти клубот од Местаља, па Димитриевски се посочува како негова замена.

Но, Валенсија ќе има сериозна конкуренција, Севиља засега е најконкретна и му нуди најмногу на Димитриевски. Според шпанските медиуми платата која се подготвени да ја одвојат за македонскиот голман е околу два милиони евра годишно.

Не се исклучува ниту останување на Димитриевски во Рајо Ваљекано, но ќе треба неговиот актуелен клуб значително да му ја зголеми платата од сегашната.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×