Лео Меси вчера
доби четири натпревари суспензија за навреда на судијата на дуелот помеѓу
Аргентина и Чиле во петокот.
Инцидентот не
беше вклучен во оргиналниот записник, и се верува дека додатно бил вметнат
откако медиумите го објавија видеото на кое се гледа како Лео Меси жестоко
распалува по помошникот.
Па поранешниот
директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано се чуди како неговиот сонародник
заборавил да стави рака над устата.
„Најпрво сум
изненаден од тоа што Лео Меси го загуби разумот, тој секогаш останува смирен“ –
вели Валдано.
„Втора работа,
играчите ја покриваат устата и кога велат добар ден, па не ми е јасно како тој
сега не стави рака кога реши да го опцуе судијата“.
„Суспензијата од
четири натпревари е неверојатна и под знак прашалник го става настапот на
Аргентина на мундијалот во Русија“.