75
Аргентина остана
без здив и без бодови во Ла Паз на 3.600 метри надморска височина.
„Гаучосите“ беа
летаргични, а без суспендираниот Лео Меси, немаше кој да го инспирира тимот за
нешто повеќе, па на крајот Боливија лесно славеше со 2-0.
Арсе донесе
водство за домаќините по половина час игра, а Морено на стартот од вториот дел
ги осигура трите бода и им го искомпликува животот на „Гаучосите“.
Аргентина сега е
под ризик да го пропушти мундијалот во Русија, „Гаучосите“ во моментов се на
петтото место на табелата, а ќе бидат без првиот играч Лео Меси и на следните
три натпревари.