Горазд Михајлов е нов тренер на Вардар

by
1 минути читање

Вардар денеска излезе со официјална информација за новиот тренер.

„ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија.

Добредојде  во црвено црното семејство“, стои во соопштението на клубот.

Тој доаѓа на местото од Васоски кој замина во Силекс, клубот каде што до неодамна беше токму Горазд Михајлов.

Михајлов ќе има задача да го спаси Вардар од испаѓање, црвено-црните во моментов се последни, но имаат само три бода помалку од клубовите над зоната која носи ранг подолу.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×