Ѕвездата на Рома: Пушам цигари и не се срамам!

by
2 минути читање

За време на
Европското првенство во Франција минатата година, медиумите го уловија Раџа Наинголан
со кутија цигари во рака.

Тогашниот
селектор на Белгија, Марк Вилмонтс призна дека знае за оваа лоша навика на
играчот и откри дека популарниот „Нинџа“ секогаш добива соба со балкон за да пуши по 5-6 цигари
на ден.

Но новиот
предводник на „Црвените Ѓаволи“, Роберто Мартинез не го толерира ваквото
однесување и се верува дека токму поради цигарите го изостави Раџа Наинголан од
составот на Белгија на претходните натпревари.

Но ѕвездата на
Рома игра во фантастична форма, па Роберто Мартинез му прогледа низ прсти и го
повик за дуелот со Грција во квалификациите за СП 2018 и пријателскиот
натпревар со Русија.

„Никогаш не сум
се криел дека пушам

вели Наинголан.

„Знам дека треба
да бидам добар пример, и јас имам дете, но мислам дека добро си ја вршам
работата како фудбалер, од мене се бара да прикажувам добри игри на теренот и токму тоа го правам
.

„Сите знаат дека
пушам, не се кријам ниту пак се срамам
.

„Бев разочаран
што не добив повик за претходните натпревари но тренерот сигурно си имал свои
причини за одлуката
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани