24-годишниот централен дефанзивец вчера заработи повреда на тренинг на италијанската репрезентација поради кој отпадна од составот на азурите.
Тој беше стартер на мечот во Скопје меѓу Македонија и Италија, се прогнозираше дека ќе го почне и натпреварот во Рим, но тоа нема да се случи.
Се работи за мускулна повреда на десната потколеница. Нејасно е колку точно ќе отсуствува од терените, но според италијанските медиуми ќе ги пропушти и трите следни меча на Интер, против Јувентус, Бенфика и Наполи.
Претходно поради повреди од составот на Италија отпаднаа Мануел Локатели, Алекс Мерет, Рафел Толои и Давиде Калабрија.
По повредата на Бастони, Спалети дополнително го повика дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.