Македонија се покажа како исклучително тежок противник за Италија, им станавме кошмар на азурите. Мечот во Рим во петок е исклучително важен за нив, ние таму одиме без резултатски притисок откако ги загубивме шансите за учество на континенталниот турнир.
Бојан Миовски е еден од нашите репрезентативци кој е во најдобра форма, тој смета дека контра-нападите можат да бидат оружјето на Македонија на мечот со Италија.
„Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации. Мислам дека ова е вистинско време, немаме притисок. Имаме одлични резултати со Италија на последните натпревари и ќе се надигруваме со нив повторно. Мислам дека треба да ги чекаме нашите шанси преку контри. Очекувам тие да имаат контрола врз играта, но ние може да ги изненадиме на контра-напади. Секогаш е одлично кога фудбалерите имаат минутажа во клубовите. Ќе се игра на подобар терен и ќе има поквалитетен фудбал за двете репрезентации. Мислам дека ќе биде одличен меч за двете селекции и навивачите“, вели Миовски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.