Македонија во петок, на 17. ноември гостува кај Италија во Рим, а три дена подоцна ја пречекуваме селекцијата на Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Дарко Чурлинов вели дека и покрај тоа што ги загубивме сите шанси за пласман на ЕП, Македонија ќе даде се за да ги изненади фаворитите.
„Иако немаме шанса за пласман на Европско првенство, ќе дадеме сè од себе, така ќе биде и овој пат, така е секогаш кога играме за Македонија. Знаеме какви светски сили се Италија и Англија. Ќе ги анализираме противниците, немаме што да загубиме и едноставно треба да одиграме максимално ангажирано. Секогаш е добро кога има конкуренција во тимот, во добра натпреварувачка форма сме и се надевам дека тоа ќе го искористиме. Ќе се обидеме да го спречиме италијанскиот состав да нè победи. Играме за Македонија, а кога сме овде не постојат изговори“, вели Чурлинов.
Пред натпреварот против Италија зборуваше и Јани Атанасов, кој кажа дека очекува сосема поинаков начин против „аѕурите“ од тој во Скопје.
„Среќен сум што се враќаме во националниот тим, нè радува тоа што сите сме здрави и подготвени и посебно што во тимот се враќа Тихо Костадинов после долгата пауза поради повреда. Нè очекува меч со Италија, натпревар кој очекувам да биде сосема поинаков од тој во Скопје. Се надеваме на успех, треба да бидеме компактни, желни за успех и се разбира да ги исполниме задачите на селекторот“, вели Атанасов.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.