Избраниците на Канатларовски тргнаа добро во квалификациите, ја победивме Шведска во гости, а загубивме од Холандија дома, но речиси рамноправно се носевме со фаворитот.
На 17. октомври го играме мечот од третото коло, ѝ гостуваме на Молдавија на стадионто Зимбру во Кишинев со почеток од 17 часот.
„Не очекува еден исклучително тежок натпревар на гости против незгодната репрезентација на Молдавија. Имаме доволно време да се подготвиме за овој меч и добро да ја анализираме играта на противникот. Молдавија ќе игра на домашен терен и сигурно ќе биде многу мотивирана да се покаже во што подобро светло пред своите навивачи, но ние имаме свои математики и цели и сигурно дека ќе се стремиме да одиграме најдобро што можеме и да обезбедиме позитивен резултат“, вели Методи Максимов.
„Одигравме два одлични натпревари против Шведска и Холандија, во кои забележавме една победа и еден пораз. Навистина жалиме за мечот против Холандија, дуел во кој имаме многу можности за гол неискористени. Ќе ги искористиме тренинзите да работиме напорно, се со цел да ја подобриме реализацијата на следните натрпевари“.
„Владее одлична атмосфера и позитивна енергија во репрезентацијата. Сплотени сме и поседуваме голем квалитет. Тоа го покажавме и на претходните натпревари и се надевам дека ќе продолжиме да играме на високо ниво и на следните мечеви“.
„Одличниот колектив е најголемата одлика на овој тим. Оваа репрезентација на Македонија може да се натпреварува и бори за висок пласман на овие квалификации“.
„По првите две кола од квалификациите Македонија има освоено 3 бодови. На стартот, избраниците на селекторот Драги Канатларовски славеа победа над Шведска на гостински терен и незаслужено беа поразени од Холандија на домашен терен во второто коло“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.