323
Роден е на 09.12.1994 година во Мелбурн, а досега настапувал во втората Шпанска лига во тимот на Картагена, во Црна Гора во Арсенал Тиват, како и во екипата на Пелистер.
,,Чест е да се биде во клуб како што е Вардар. Чест е да се биде во клуб кој има толку голема база на навивачи и славно минато“, вели Стојковски.
Вардар во моментов е на последното место на табелата, а утре има голем предизвик, се соочува со лидерот, Шкендија.