Клубот од Сан
Сиро е бесен на судијата Давиде Маса откако тој покажа на белата точка во 95.
минута за играње со рака на Де Шиљо.
Новиот спорен
момент во корист на Јувентус одново предизвика голема полемика, а на оваа тема
се огласи и Андреа Пирло, кој го носеше дресот и на Милан и на Јувентус.
„Пенали како овој
понекогаш се судат, а понекогаш не се судат” – вели Италијанецот. „Во овој случај судијата покажа на
белата точка и не е спорно дека Де Шиљо играше со рака”.
„Тоа е слободно
судиско убедвање. Слична ситуација имаше и на дуелот на Барселона пред некој
ден, но тогаш судијата не досуди пенал”.
„На играчите им е
тешко, секако дека сте скршени кога ќе примите гол од пенал во завршните
мигови, со последниот удар на натпреварот”.
„Тоа секогаш е
фрустрирачко, но повторувам, Де Шиљо играше со рака”.