Македонија собра 12,42 рејтинг-поени од овие два меча, па сега има 1.362,95 рејтинг-поени со што напредуваше за две позиции и во моментов е на 66-то место на светот, 11 поени повеќе од најблискиот ривал на листата Исланд. Пред Македонија е Јужна Африка со нешто повеќе од пет рејтинг-поени,
Црвено-жолтите со ремито против Италија го турнаа европскиот првак Италија една позиција подолу на листата, па „аѕурите“ сега паднаа на деветтото место во „топ десет“ каде светскиот првак Аргентина останува прва, пред Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Португалија, а Шпанија е десета.
Следното рангирање е на 26 октомври после препоследниот термин за квалификации во кој Македонија има само еден меч од „групата на смртта“ против Украина на 17 ноември во Прага.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.