Манев синоќа по третпат го носеше дресот на Македонија и го постигна првиот гол за репрезентацијата кога во 41. минута погоди со глава за водство од 2-0.
„Чест ми е што сум дел од оваа селекција, браво за соиграчите. Селекторот постави добра тактика, ние го испочитувавме тоа и докажавме дека вредиме и дека ќе направиме големи нешта сите заедно. Не застануваме овде. Сега сите добро да се одмориме, да се посветиме на клубовите и се гледаме следниот месец на мечот со Украина со надеж дека ќе ги повториме истите резултати“, вели Јован Манев.
„Секогаш треба да се размислува позитивно и со такви мисли доаѓа успехот. Среќен сум затоа што сите соиграчи веруваат во себе и тука сме сите еден за друг“.
„Очекувавме тежок натпревар, среќа што го отворивме мечот рано и се сменија нештата. Во вториот дел влеговме малку лабаво, но после се освестивме и ја остваривме целта“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.