Иако Холандија се изнаигра со топка повеќе од еден час, имаше огромен посед, од првиот фаворит во групата, не видовме ништо освен два непрецизни шута и една шанса која Андреј Стојчевски ја изблокира пред крајот на полувремето, но сите наши можности кои ни се отворија и не ги казнивме Холанѓаните, ни се врати со два гола во мрежата во периодот од 68-та до 72-та минута од мечот.
Прво од првата вистинска шанса, резервистот Ноа Охио погоди во мрежата од три метри по асистенцијата на Кенет Тејлор, а четири минути потоа, Тејлор даде гол од пенал откако Стојчевски го фаулираше Охио и Холандија дојде до победата.
Но, младите македонски фудбалери може да жалат што не извадија многу подобар резултат, зашто имаа низа можности да дојдат до погодок, во првиот дел им се отворија две суперконтри во кои недостигаше завршното додавање, Иван Николов имаше еден опасен шут пред полувремето кој заврши крај дирекот, а во вториот дел еднаш спасуваше голманот Калвин Раци по ударот на Николов, па Берат Калкан се загради за шанса, по која лошо биеше. Уште неколкупати плус Македонија доаѓаше во позиција за гол, но или фудбалерите беа сантиметри покуси во скок или повторно недостигаше вистинска реакција за завршница, како шутот на Луан Абази изблокиран во последен момент пред самиот крај на мечот или ударот на Бехар Фета во надополнувањето.
Со играта Македонија во овие воведни два меча и освоени три бода од пресметките со првите два фаворити (Шведска ја победивме на гости со 1-0 во петокот), најави дека може да игра сериозна улога и за пласман на Европско првенство, но допрва оваа генерација на Драги Канатларовски – Цапар ќе мора да го докажува тоа во следните предизвици и да биде уште подобра и поконкретна, со многу поефикасна завршница, ако сака да дојде до главната цел.
Ова беше петти пораз во петтата пресметка на младинските селекции на Македонија со Холандија, на оваа возраст за фудбалери до 21 година.
Следен предизвик за младинците е гостувањето кај Молдавија на 17 октомври од 17 часот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.