Тонали: Не се надевавме на ваков резултат, Македонија има право да се радува

by
2 минути читање

Италија повторно имаше проблеми со Македонија, овојпат одиграа реми во Скопје, 1-1. Тонали имаше голема шанса во првиот дел, но не успеа да го совлада Димитриевски, ја погоди стативата.

„Ова не е тоа што се надевавме, не е резултатот кој сакавме да го однесеме дома“, вели Тонали.

„Разочарувањето е природно, исто како што Македонија има право да го слави нивниот резултат. Тоа е фудбал, секој меч е тежок на интернационално ниво“.

„Мора да се вратиме во колосек бидејќи за неколку дена имаме друг важен меч. Треба повторно да бидеме Италија“.

„Го контролиравме натпреварот добро имавме бројни шанси, но потоа не можевме да се справиме со нивната реакција во последните 15 минути. Штета, им дозволивме само неколку шанси, но тоа беше доволно за да дојдат до реми“.


@2024 – Сите права задржани