По одлуката на
Стефан Ристорвски да се повлече од националниот тим поради недоразбирања со
селекторот Боби Милевски, во нов капитен сега е промовиран Енис Барди.
„Ова за мене е
многу емотивен меч, да си капитен на репрезентација значи многу за мене,
секогаш сум велел дека тука има многу капитени кои не носат лента. Има доста
лидери кои заслужуваат да ја имаат лентата, но тие се природни лидери. Ова е
нов предизвик, нов лист за сите нас, подготвени сме многу добро и треба да ни
биде како нешто ново. Да бидеме комплетно фокусирани на играте, против вакви
противници не можеш на друг начин да дојдеш до позитивен резултат“, вели Барди.
„Во денешниот
фудбал против секој противник, не само против Италија ако не си дисциплиниран
може да имаш проблеми. Секогаш го зборуваме тоа, но ние сме мал период заедно и
не можеш толку многу да се разговара. Сега разговаравме многу повеќе за разлика
од претходните собири, и мислам дека ќе биде поинаку од претходните натпревари.
Само ако си помагаме еден со друг можеме да одиме напред“.
„Секогаш кога има
измени во тимот не е лесно, имаме многу нови играчи, но ценам дека имаме
доволно искуство за да ја изменаџираме оваа ситуација. Само ако бидеме
обединети можеме да дојдеме до резултат“.
„Атмосферата е
многу добра затоа што доаѓаме од подготовки и мислам дека секој од нас е во
форма. Доволно од нас дадовме голови пред да дојдеме тука. Доаѓаме со нова
енергија, ги гледам соиграчите и мислам дека сите имаме голем мотив. Ние сме
најдобрите од Македонија во моментов и секој од нас мора да земе одговорност и
да даде се од себе“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.