Трајковски на Италија ѝ даде гол во Торино во 2017 година во ремито 1-1, па во март лани за победата со 1-0 во Палермо, меч кој сѐ уште силно ги боли Италијанците, а сѐ уште предизвикува посебни емовции во Македонија.
„Тој гол во Палермо пред година ипол е најважниот во мојата кариера. Бев толку исцрпен и ако отидевме во продолженија, ќе бев заменет. Се обидов со силен шут и погодив, зашто многупати така сум давал години. На крај излезе на најдобар можен начин. Таа победа во последна минута, чувството е како на филм. Па уште во Палермо, голот имаше двојна важност. Летово бев во Палермо, видов многу пријатели таму, сепак минав четири години на Сицилија. И некој дури и ми рече: ‘ако требаше да загубиме, барем ти го даде голот’“, вели Трајковски.
Но, од Палермо наваму работите се променети и во македонската селекција со лошата резултатска серија, но и во Италија со тренерската смена, па новата пресметка е нов предизвик.
„Таа победа останува историска страница за Македонија, но сега имаме нов предизвик и сакаме да се обидеме пак да победиме. Знаеме дека Италија е силна, ама Македонија не сака да престане да изненадува. Сите одлично се чувствуваме, имаме голем ентузијазам, има позитивна атмосфера. Ќе се обидеме повторно, а за мене секој меч со Италија е посебен. Во вторникот наполнив 31 година, би сакал да прославам со гол, но без оглед кој ќе се стрелец, ако извлечеме добар резултат ќе бидам еднакво среќен“, рече Трајковски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.