Влатко Андоновски веќе не е селектор на САД

by
2 минути читање

Во текот на денешниот ден се очекува и официјална потврда за разделбата од страна на Фудбалската федерација на САД.

Андоновски немаше успешна авантура на селекторската позиција на САД, на Светското првенство беше елиминиран од Шведска на пенали во осминафиналето. Тоа беше најраното испаѓање во историјата на женската репрезентација на Америка.

„ЕСПН“ пишува дека Андоновски нема да чека многу за следната работна позиција. Македонецот е кандидат за тренерската позиција на Канзас Сити.

Андоновски на селекторската позиција на САД беше назначен во 2019 година. 

@2024 – Сите права задржани