Милан влезе во победничка серија, падна и Киево (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан повторно победува, „росоњерите“ се во добра резултатска форма, вечерва ги освоија трите бода од дуелот со Киево.

Резултатот беше отворен во 24. минута од мечот кога Бака по една убава соло акција постигна гол за водство на Милан од 1-0.

Во 43. минута можеби престрого беше досуден пенал за Киево кој го реализираше Де Гузман за изедначување на 1-1.

До крајот на првиот дел уште еден пенал, овој пат за Милан, но Бака биеше над голот. На одморот се замина со нерешен резултат.

Во 70. минута Бака се искупи за промашениот пенал, најдобро се снајде во шеснаесетникот на Киево и од непосредна близина го врати водството на Милан.

Десет минути подоцна беше поставен конечниот резултат. Уште еден пенал за Милан, овој пат Лападула не погреши, погоди за конечни 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани