Паузата заврши, фудбалот во Македонија се враќа на сцената, Првата лига оваа сезона повторно е со Вардар, нашиот најтрофеен клуб по двегодишен престој во подолниот ранг се враќа во елитата.
Црвен-црните на крилјата на своите навивачи се обидуваат да застанат на здрави нозе, го одат патот до таа цел, но тој не е нималку лесен. Вардарци новата сезона ја стартуваат од Струмица, гостуваат кај ребрендираниот тим на Горан Пандев, кој доби италијански шмек и сега го носи името Брера.
Бранителот на трофејот, екипата на Струга ТЛ сезоната ја започнува на свој терен против новиот прволигаш, Гостивар. Стружани се единствениот тим од Македонија кој уште се натпреварува во Европа, нивната амбиција во домашното првенство е да го одбранат тронот на кој седат.
Главен кандидат за титулата се очекува да им биде Шкупи кој својот натпревар од првото коло го играат утре на гостински терен кај Работнички.
Висок пласман ќе сака и Шкендија, тетовскиот тим денеска гостува кај дебитантот во ПМФЛ, тимот на Воска Спорт. Брегалница во Штип ќе го пречека Силекс, а Македонија Ѓорче Петров почнува на гостински терен кај Тиквеш.
Прво коло денеска (недела) 17 часот:
Брера – Вардар
Брегалница – Силекс
Струга ТЛ – Гостивар
Тиквеш – Македонија ЃП
Воска Спорт – Шкендија
Утре (понеделник) 17 часот:
Работнички – Шкупи
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.