Низ натпреварот имаше неколку одлични шанси и на двете страни, двете екипи ја посакуваа победата, а Струга имаше подобри можности. Но вистинските возбудувања се случија во самиот финиш.
Струга ТЛ со гол од пенал на Бесарт Ибраими во 76. минута поведе со 1-0, тоа беше прв гол на двомечот и се чинеше дека македонскиот тим е многу блиски до победата.
Но, радоста траеше само две минути, тогаш Жалгирис преку Јури Кендиш изедначи на 1-1, а на шест минути до крајот Сава Радиќ си постигна автогол за комплетен пресврт и победа на Литванците од 2-1.
Струга е елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите, но не и од Европа. Стружани се префрлуваат во квалификациите од Конференциската лига каде ќе играат со Будуќност од Подгорица.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.