Фета Фетаи минатата сезона дебитираше во првиот тим на Работнички. Одигра 13 натпревари во ПМФЛ, вкупно 433 минути. Настапува во средниот ред. Минатиот месец наполни 18 години.
„Со задоволство можеме да потврдиме дека Работнички продолжува во духот на она што е негова главна клупска карактеристика, да промовира млади и талентирани фудбалери кои добиваат шанса за брз излез на интернационална сцена. 18 – годишниот играч за врска Фета Фетаи, кој минатата сезона доби шанса во сениорскиот тим на Работнички и блесна со целиот свој потенцијал, ќе ја продолжи кариерата во хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб. Двата клуба ги договорија деталите околу трансферот, а фудбалерот ќе замине на лекарски прегледи, по што ќе следи и официјалната промоција“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.