Македонските надежи убедливо ја победија Малта

by
2 минути читање

Натпреварот се играше на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, избраниците на Драган Канатларовски одиграа одличен меч и лесно го совладаа противникот.

Македонија го отвори мечот со гол на Хамза Рамани уште во 10. минута од натпреварот, а само шест минути подоцна Димитар Тодоровски зголеми на 2-0.

По осум минути игра во вториот дел Андреј Стојчевски зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Луан Абази пред самиот крај на мечот.

Ова беше последен тест за младите фудбалери пред стартот на квалификациите во септември кога најпрво играме против Шведска на 8 септември, а четири дена подоцна против Холандија.

@2024 – Сите права задржани