Избраниците на Боби Милевски како да не беа присутни на Олд Трафорд, Англичаните си поиграа со нашата репрезентација, ни дадоа седум гола, а ако беа посериозни можеа уште да ја полнат нашата мрежа.
Никогаш до денес немавме примено седум голови на еден натпревар, Македонија доживеа тешка бламажа во Англија за која треба да „летаат глави“.
Боби Милевски до неодамна постојано повторуваше дека ја подготвува репрезентацијата за овој квалификациски циклус, а реалноста е дека дојдовме до најлошиот натпревар во нашата историја.
Се држевме до 29. минута кога Кејн ја почна серијата голови за Англија, следуваше погодок на Сака, а пред крајот на првото полувреме погоди и Рашфорд за убедливи 3-0.
На почетокот од второто полувреме следуваа уште два гола за Сака за негов хет-трик и водство на Англија од 5-0.
Во 64. минута Кевин Филипс зголеми на 6-0, тоа веќе беше нашиот најтежок пораз, но дека може и полошо се погрижи Кејн од пенал во 73. минута за конечни 7-0.
Македонија немаше ниту еден шут кон голот на Пикфор, ниту надвор од рамките. Не само резултатот, ова беше најочајната претстава на нашиот тим.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.