По поразот од Украина во Скопје, македонските фудбалери утре имаат меч на Олд Трафорд каде ќе гостуваат на селекцијата на Англија.
„Од 2006 до сега поминаа 17 години и се игра поинаков фудбал. Македонија покажа не само сега во моментов, туку покажувала и назад неколку години дека има квалитет и потенцијал да биде конкурентна во Европа. Да не се навраќам што овие момци имаат постигнато низ годините. Овој тим има потенцијал да одигра добар меч со Англија, а потоа да биде конкурентна и во квалификациите. Натпреварот кој ни следи го играте еднаш, можеби и ниеднаш пак во своите кариери. Мора да го потврдиме она кое го покажавме во претходните дуели“, вели Милевски пред мечот.
„Околу Англија, не треба да се трошат зборови, дали е индивидуален квалитет или тимски. Се работи за екипа со врвни фудбалери, кои пред некое време ја освоија Лигата на шампионите. Би ја сместил Англија во ТОП-3 во Европа и ќе ни биде чест да одиграме меч со таков ривал. Ме радува фактот што Серафимов и Велковски го завршија тренингот без проблеми. Се надевам дека ќе се стават во функција за утрешниот натпревар“.
„Не може да не бидам задоволен од изданието на момците против Украина. Да, анализирани се одредени моменти и извлечени се заклучоци кои верувам на сите ни помогнаа. Сега на нив е уште еднаш да го покажат својот квалитет на терен, и убеден сум дека ќе биде така. Немаме никаков притисок. Не чувствуваме никаков притисок затоа што играме против една моќна селекција како Англија“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.