180
Со беспарица и во
тешка агонија, Вардар се прикажа во извонредно светло во Кавадарци, одигра на
високо ниво од прва до последна минута и со 3-0 ја доби пресметката против Скопје
во баражот.
Избраниците на
Бобан Грнчаров поведоа уште на стартот, Дарко Размоски веќе во 3. минута погоди
за 0-1.
На стартот од вториот
дел, истиот фудбалер доби топка на подалечната статива и рутински реализираше
за 0-2.
Дилемите беа
решени по еден час игра кога Глишиќ итро биеше од слободен удар и ги постави
конечните 0-3.