Скандал во Германија, фановите на Херта плукаа, Анчелоти им покажа среден прст

by
1 минути читање

Дуелот во Берлин
беше прилично возбудлив, Херта беше на чекор до голема победа над шампионот, но
Левандовски со гол во 96. минута донесе бод за Баерн Минхен.

Средбата имаше
и трето полувреме, откако Карло Анчелоти ги заборави своите добри манири.

Искусниот стратег
на патот кон соблекувалната по последниот свиреж на судијата, им покажал среден
прст на домашните фанови.

Се уште нема
слики ниту видео од овој срамен гест на Италијанецот, но самиот Карло Анчелоти
го потврди инцидетот и објасни зошто го сторил тоа.

„Да, покажав
среден прст бидејќи ме плукнаа
– рече тренерот на Баерн за германските медиуми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани