Ливерпул почнал преговори за ангажман на Геце

by
1 минути читање

„Мирор“ пишува дека Ливерпул започнале преговори со Борусија Дортмунд за ангажман на Марио Геце во летниот преоден рок.

Германскиот офанзивен играч се врати во Борусија Дортмунд по авантурата во Баерн Минхен, но не може да избори место во стартниот тим на Томас Тухел.

Има само 11 настапи во Бундеслигата оваа сезона и постигнато само еден гол, па информациите велат дека сака да го напушти клубот.

Јирген Клоп добро ги познава квалитетите на Марио Геце од периодот кога беа заедно во Борусија Дортмунд, па смета дека тој би бил добро засилување за црвените.

Ако Марио Геце може да ја врати својата најдобра форма, може да биде значајно засилување за Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани