Пелистер имаше амбиција да се врати во македонската елита, но не успеа, па следната сезона со нов тренер ќе се обиде повторно.
„ФК Пелистер ја известува јавноста дека со завршувањето на Втората фудбалска лига официјално заврши догооворот на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски. Со оглед на неисполнувањето на целта, промоција во Првата лига, патиштата на клубот и Бабунски се разидуваат.
ФК Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му посакува многу успех во понатомошната кариера.
Клубот во наредниот период ќе го објави новиот шеф на стручниот штаб за сезоната 2023/24“, стои во соопштението на Пелистер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.