Гостивар со убедливи 4-0 го победи Борец и на коло пред крајот го осигура второто место и пласманот во Првата македонска лига. Таму од минатото коло место обезбеди Воска која денеска со 5-3 го совлада Детонит.
Вардар ќе има шанса преку баражот да се врати во Првата лига, а за противник веројатно ќе го има Скопје. Црвено-црните денеска одиграа 1-1 во вечното дерби со Пелистер и ќе ја задржат третата позиција пред битолчани кои не успеаа во мисијата за враќање во најквалитетното друштво.
Интересна е и борбата за опстанок. Тетекс денеска го совлада Кожув и се качи на местото кое води во бараж за опстанок.
Саса со 2-1 го совлада тимот на Локомотив Скопје во директен дуел за опстанок. Тимот од Каменица е во најдобра позиција да избори опстанок.
ВТОРА ЛИГА, 29. КОЛО (17 ЧАСОТ)
Каменица Саса – Локомотива Пехчево 2-1
Тетекс – Кожув 4-2
Вардар – Пелистер 1-1
Беса – Караорман 1-0
Гостивар – Борец 4-0
Воска Спорт – Детонит Плачковица 5-3
Слога Виница – Охрид 2-0
Беласица – Арсими 0-1
ТАБЕЛА: Воска Спорт 72 (Прва лига), Гостивар 70, Вардар 63, Пелистер 57, Беса 48, Арсими 40, Детонит П. 47, Охрид 38, Беласица 35, Караорман 34, Кожув 33, К. Саса 30, Тетекс 28, Локомотива П. 27, Слога В. 25, Борец 2 (испаднат).
ПОСЛЕДНО КОЛО (13 МАЈ): Арсими – Тетекс, Борец – Воска Спорт, Детонит Плачковица – Слога Виница, Караорман – Гостивар, Кожув – Вардар, Локомотива Пехчево – Беса, Охрид – Беласица, Пелистер – Каменица Саса.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.