Муслиу не играше во понеделникот на последниот меч против Минхен 1860 откако заработил повреда на мускулот, но нема точно колку ќе паузира, откако неговиот клуб објави само дека ќе биде подолг период и не е во конкуренција за следните мечеви.
„Инголштад ќе мора без Висар Муслиу на подолг период. Македонскиот репрезентативец заработи повреда на мускулот на тренинг и нема да биде во конкуренција за следните мечеви. Му посакуваме на нашиот стопер брза рехабилитација“, објави германскиот третолигаш.
Ова е сериозен проблем за Македонија, зашто во јуни почнуваат вистинските предизвици за националниот тим со мечевите со Украина и Англија, а неиграњето на еден од главните стопери на подолг период ќе биде проблематичен за формата, ако воопшто биде во конкуренција за настап, зашто нема јасно дефиниран период колку ќе паузира и дали ќе се врати на терените до крајот на сезоната.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.