Новиот дрес на Македонија, првпат имаме и црна варијанта (ФОТО)

by
1 минути читање

По долги години македонските фудбалери ќе имаат нови дресови, за првпат имаме и црна варијанта која доаѓа на местото од жолтата која досега ја имавме покрај црвената и белата.

„Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.

Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.

Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата“, се вели во објавата на ФФМ.

Капитенот Стефан Ристовски вели дека е горд што ќе го облече новиот дрес и верува дека тој ќе биде популарен меѓу навивачите.

„Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи“, вели Ристовски.

Фудбалерите за првпат ќе го носат новиот дрес на мечот против Малта во четврток во рамките од квалификациите за ЕП 2024.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×